Помладите пионери на Фк Вардар на 13-ти мај ќе го одиграат вториот натпревар, во рамките на полуфиналната куп група. После победата против Македонија Ѓ.П. со резултат 4:1, оваа генерација веќе со една нога се наоѓа во големото финале. Првите две пласирани екипи од групата ќе играат во финалето на националниот куп. Треба да се случи чудо да оваа генерација не успее до целта. Овие момчиња одлично играат оваа сезона, каде се во борба за титула и во првенството.
Марко Ѓоргиевски е убедливо најдобар стрелец со вкупно 23 постигнати голови. Понатаму следат Јакуп Бериша со 11, Кренарт Дардиша со 7 и Мартин Филипоски со 6 погодоци. Исто така и кадетите се пласираа во големото финале на ова натпреварување. Следен противник во лигата за сите Вардарови генерации, е екипата на Ренова.