Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките отпатуваа за Будимпешта, чекаме пехар!

Девојките отпатуваа за Будимпешта, чекаме пехар!

Денеска нашите девојки и стручниот штаб заминаа за Будимпешта – Унгарија каде овој викенд ќе ги одиграат последните клучни два натпревари оваа година.
Денес рано наутро девојките заминаа, ние од нив очекуваме храбра, беспрекорана борба на саботниот натпревар со Будуќност, па потоа во едно големо финале, за историја, за навивачите, за Вардар, да испишеме нова страна во ракометот, нова страна во историјата на Вардар. Нека се повтори Кометал, нека се повтори играта и вулканот Кале во времето на Кометал, каде токму нашиот прв тренер Индира Кастратовиќ ја имаше таа чест да настапува во таа златна генерација на Кометал, покрај неа и Спортскиот дирекотор на клубот Гордана Нацева беше дел од таа златна генерација, а сега е дел од Жрк Вардар.

Одлична вест ни стигна денеска, Робертина Мечевска е во одлична форма, и им даде поддршка на своите колешки пред патот за Будимпешта.
Девојките нема да бидат сами повеќе од 300 симпатизери на Вардар ќе им бидат верна сенка на девојките, и поддршка на овие клучни два натпревари за историја.