Фк Вардар У 18 ја продолжува победничката серија и резултати оваа сезона.Фактот дека на последниве три натпревари ,од кои еден во националниот куп,имаат 13 постигнати и само еден примен гол говори за нивната супериорност.Во 8 коло од младинската лига беа подобри од екипата на Турново.Натпреварот се одигра во Струмица,каде вардарци забележаа убедлива победа од 0:4.Стрелци на головите беа Виктор Димков(2),Борјан Тодоровски и Јасир Беќири.
-Уште една победа издвојувана на гостински терен,мораме да бидеме задоволни од играта.Од натпревар во натпревар,сме се повоиграни и подобра екипа.Речиси секој натпревар ни е со над три постигнати гола,наспроти тоа ретко примаме голови.Постигнуваме голови од различни позиции,што секако е многу добро за една екипа.Со оваа победа се одлепуваме на првата позиција со три бода предност.Преостануваат уште три кола до крајот на есенскиот дел,каде ќе се обидеме да ја зголемиме бодовната предност,изјави Борјан Тодоровски, за нашиот сајт.
02.11.2014
Звонко Ивановски