Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар одигра без голови во Турново

ФК Вардар одигра без голови во Турново

Екипата на Фк Вардар за само три дена,запиша уште еден нерешен резултат,овој пат против екипата на Хоризонт Турново играјќи без голови 0:0.Сергеј Андреев и на овој натпревар започна со оние играчи,во кои имаше доверба и на претходните дуели,со таа разлика што во првиот состав се најде Виктор Серафимовски,а го немаше Јасир Асани.Првата шанса за гол може и најголема на натпреварот ја имаше Филип Ивановски во 17 мин. ,кога по еден центар шут на Дашјан од десната страна,не успеа да го совлада голманот на Турново.Пет минути покасно,од слободен удар од околу 30 метри се обиде Артак Дашјан но неговиот удар заврши покрај голот.

737dde5c61331a4d949179f3b0830cbb9e-w=1020-h=400

Фото:фквардар.мк



Најсериозната шанса пак гостите ,ја имаа во 33 мин. ,но ударот на противничкиот фудбалер заврши покрај десната рамка од голот на Игор Павловиќ.Во 40 мин. ,повторно се обидува Дашјан од слободен удар,но неговиот удар завршува високо над голот.Во првото полувреме вреди да се напомене и ударот на Виктор Серафимовски кој за малку ќе го изненадеше противнчкот голман,и малку фалеше да донесе водство на Вардар.Вториот дел помина многу помирно без некои посериозни шанси за погодок,вреди да се одбележи само 62 минута,кога по една акција на Вардар,прекраток во својот обид да направи нешто посериозно беше Филип Петров.

Во второто полувреме, во игра од клупата влегоа Благоја Љамчевски и Филип Петковски.После ова четврто коло,екипата на Вардар го дели првото место со вкупно 11 бода ,заедно со екипите на Металург и Силекс.Во следното 5 коло Вардар му гостува на Металург во Ѓорче Петров.
27.08.2014

 

Leave a Reply