Од пред неколку дена е познат е составот на ЕХФ лигата на шампионите за идната сезона. Момците на Раул Гонзалес дознаа кои екипи ќе го напаѓаат нашиот наслов-Шампион. Покрај нас од Македонија и Металург доби прилика за настап во следната сезона 2017/2018 во најквалитетното европско и светско натпреварување во ракомет.
Ждребувањето за групите ќе се одвива во петок, 30 јуни, истото ќе се одржи во Љубљана, Словенија. Вардарци ќе ги дознаат седумте тима со кои ќе се соочат во новата сезона. Како и претходно сосема очекувано ние сме во квалитетните групи „А“ и „Б“. Во групите “А“ и “Б“ ќе настапат: Веспрем, Р.Н.Левен, Вардар, Киелце, ПСЖ, Кил,Фленсбург, Загреб, Нант, Барселона, Висла Плоцк, Кристијанштад, Алборг, Пик Сегед, Цеље ПЛ и Брест Мешков.