Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар има уште многу работа

Вардар има уште многу работа

По две одиграни пријателски средби јасно се увидува според играта на Вардар дека има уште многу работа пред дуелите со Малме. Вардарци досега остварија една добра и една многу лоша слика.

Подготовките во Австрија тргнаа одлично. Тимот на Адмира во целост беше надиграна и совладана со резултат 2:0. Потоа оној вчерашниот дуел против Марибор отвори многу прашања. На овие пријателски резултатот е во втор план, па така загрижува лошата игра против шампионот на Словенија. Вардар во првиот дел имаше две шанси кон голот на Марибор, додека пак во вториот дел.. ниту една посериозна шанса. Во второто полувреме Вардар неможеше да поврзе три успешни пасови.

И на овој натпревар се увиде дека во играта на Вардар многу работи зависат од Хуан Фелипе. Фелипе и на вчерашниот натпревар не доби шанса за настап. Покрај Фелипе, очајно се гледа дека на Вардар повторно му недостасува еден квалитетен гол играч. Лима е на проба, но според она што може да се види бразилецот е далеку од добар напаѓач за Европски натпревари.

До натпреварите со Малме има уште повеќе од две недели, впечатоците Вардар ќе треба да ги поправа од натпревар во натпревар. Играта Вардар ќе може да ја поправи веќе в среда против австискиот прволигаш тимот на Матерсбург. До крајот на подготовките Вардар трeба да одигра “тест” меч и со големата ЦСКА Москва. Тој натпревар треба да биде вистинска подготовка пред дуелите со Малме, до тогаш и вардарци ќе влезат во полна натпреварувачка форма и сите играчи ќе бидат на располагање.