Противникот на Вардар во второто квалификациско коло, тимот на Малме веќе подолг период нема одиграно натпревар во шведската прва лига. Последен пат овој тим одиграл на 03 јуни на гостински терен. Од тогаш, па се до денеска, Малме нема одиграно натпревар.
Во вторник Вардар ќе има можност да направи “скен” на играта на нивниот противник. Малме во вторник ќе одигра пријателски натпревар против хрватскиот прволигаш, тимот на Локомотивa Загреб. Пред дуелот со Вардар, Малме треба да одигра уште два натпревари, овој пат од домашниот шампионат еден на домашен и еден на гостински терен. Значи “црвено – црните” ќе имаат можност за “скен” на три натпревари на својот противник.