Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар претстојниве два дена беа дел од меморијалниот турнир “Ѓорѓи Стојков-Пивка“. Тоа беа момчињата родени “2005“ и “2006“ година, кои освоија прво место на овој турнир, кој се очекува во наредниве години да стане традиција. Тројца наши играчи земаа поединечни награди: Филип Јовановски ( најдобар стрелец), Давор Серафимов ( најдобар играч) кај генерација “2005“ и Дарко Секоски најдобар играч кај генерација “2006“,
Погледнете неколку фотографии од завршното доделување на трофеи и награди.