Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се комплетира, на екипата се приклучија и шест младински репрезентативци кои беа дел од ЕП во Полска
Вардар се комплетира, на екипата се приклучија и шест младински репрезентативци кои беа дел од ЕП во Полска

Вардар се комплетира, на екипата се приклучија и шест младински репрезентативци кои беа дел од ЕП во Полска

Нашиот фудбалски шампион се комплетираше на подготовките во  Бад Татцмансдорф. После пристигнувањето на бразилскиот интернацоналец, Хуан Фелипе, на екипата се приклучија и младинските репрезентативци, кои беа дел од Европското првенство во Полска. Се работи за Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бобан Николов, Петар Петковски, Бесир Демири и најновото засилување, Висар Муслиу.

Сите овие играчи од денес се ставаат на располагање на тренерот Гоце Седлоски за продолжение од подготовките се тимот. Црвено-црните на подготовките во Австрија одиграа два контролни натпревари. Најпрво го добивме мечот против Адмира со резултат 2:0. додека вчера бевме поразени од тимот на Марибор, минимално со 1:0. Следниот контролен натпревар е на 28-јуни против екипата на Матерсбург од Австрија.