Овие два дена на теренот со вештачка трева во градот Штип се одигра меморијалнот турнир во чест на “Ѓорѓи Стојков-Пивка“, кој е поранешен голман на Брегалница. На турнирот учествуваа вкупно усм екипи поделени во две возрани генерации, родени “2005“ и “2006“ година. На него учество земаа и екипите на Вардар во двете категории. Инаку турнирот го организираше Мал Ајак, кој беше последен клуб во тренерската кариера на познатиот “Пивка“, каде работеше како тренер на голманите. Двете наши генерации победија во финалето и станаа освојувачи на првото издание на овој турнир, кој се очекува во наредните години да прерасне во традиција
Во големото финале, избраниците на Игор Кралевски од генерација “2005“ ја победија екипата на Брегалница. Конечниот резултат на овој напревар гласеше 5:2. Одличен меч одигра Филип Јовановски кој постигна дури четири голови, додека еден беше дело на Давор Серафимов. Третото место во оваа генерација е за екипата на Марек од Бугарија, која беше наш противник во вчерашниот ден, кој го совладавме убедливо (13:1).
По одигрување на финалниот натпревр во оваа генерација беа доделени и поединечни награди. За најдобар стрелец е прогласен Филип Јовановски, кој на турнирот постигна 6 голови, додека за најдобар играч е прогласен стоперот на Вардар, Давор Серафимов.
Триумф во големото финале забележа и генерацијата“2006“ на Филип Арсовски, која во финалниот дуел беше подобра од екипата на Марек од Бугарија. На овој меч славевме убедливо со резултат 7:0. Уште по првото полувреме ја обезбедивме победата, кога имавме водство од 5:0. Давид Голубов постигна хет-трик, додека по еден беа дело на Марко Николовски, Дарко Сековски, Олег Трифуновски и Стефан Коловски.
Признание за најдобар играч на турнирот во оваа генерација, доби капитенот на Вардар, Дарко Сековски.
На промоцијата во хотел “Изгрев“ двете Вардарови генерации со тренерите добија книга, во чест на голманот “Ѓорѓи Стојков-Пивка“.