Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Десет ракометари на Вардар ќе конкурираат за најдобри на своите позиции, во изборот на најдобриот тим на Екс-Ју просторот
Десет ракометари на Вардар ќе конкурираат за најдобри на своите позиции, во изборот на најдобриот тим на Екс-Ју просторот

Десет ракометари на Вардар ќе конкурираат за најдобри на своите позиции, во изборот на најдобриот тим на Екс-Ју просторот

Јубилејна десетта година по ред, реномираниот портал “Балкан Хандбал“ прави избор на најдобr ракометарка, како и на најдобриот тим на Екс-Ју просторот за натпреварувачката сезона 2016-17. Новинарите на ракометниот портал “Балкан Хандбал“ направија номинација на најдобрите на своите позиции, а фановите ќе можат да ги дадат своите гласови.

Тимур Дибиров се најде во изборот за најдобро лево крило, додека неговиот соиграч од Вардар и Руската репрезентација, Данил Шишкарев ќе конкурира за најдобро десно крило, како и Иван Чупиќ на истаа позиција. Интересно на позицијата лев бек го нема Вуко Борозан, кој важи за еден од најдобрите бекови на оваа позиција. На позицијата среден бек во овој избор, има двајца играчи на Вардар и тоа Лука Циндриќ и Жоан Кањелас. Шпанските репрезентативци, Алекс Душебаев и Хорхе Македа ќе се борат за најдобар десен бек, додека на позицијата пикер ги имаме Стојанче Стоилов и Мијајло Марсениќ. МВП на завршниот турнир во ЛШ, Арпад Штербик се најде во изборот за најдобар голман на Балканот.

За нашите ракометари, можете да гласате се до 30-ти јуни, на следниот линк, ТУКА.

Во изборот за најдобар играч на Екс-Ју просторот се најде Лука Циндриќ, за кој можете да гласате на линкот, ТУКА.