Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Тодороски: Ќе дадам се од себе на секој тренинг, на секој натпревар да ја оправдам довербата
Тодороски: Ќе дадам се од себе на секој тренинг, на секој натпревар да ја оправдам довербата

Тодороски: Ќе дадам се од себе на секој тренинг, на секој натпревар да ја оправдам довербата

Младите играчи на Вардар, Тимевски и Тодороски прва сезона се на подготовки со шампионот на Македонија. Овие двајца млади играчи заедно со Стојчевски и Колевски, ја предводат листата на млади играчи на Вардар во Австрија.

Тодоровски игра на позицијата бек, додека пак Тимевски е голман и работи под надзор на тренерот на голманите Саша Илиќ. Двајцата играчи за клубскиот сајт на Вардар велат:

„Многу сум среќен што ми е укажана доверба да бидам дел од првиот тим на Вардар. Најпрво што добив шанса да играм на последните неколку натпревари минатата сезона, а сега што сум тука со екипата во Австрија. Ова многу ми значи и ми дава мотив само така да продолжам. Ќе дадам се од себе на секој тренинг, на секој натпревар да ја оправдам довербата и да покажам дека заслужувам да бидам тука. Имам привилегија да учам од најдобрите. Во Вардар играат најдобрите играчи, тука се најдобрите тренери кои што имаат што да покажат и ние помладите од нив да учиме и ова драгоцено искуство, да го користиме во нашите кариери понатаму. Се разбира дека мојата желба и мојот сон е да бидам дел од првиот тим на Вардар“, вели Тодороски.

„Нормално дека сум почестен што сум тука со првиот тим на подготовките во Австрија. Секој тренинг се трудам да научам нешто ново од мојот тренер Саша Илиќ и од целокупниот стручен штаб, а имам чест да тренирам со одличните голмани Филип Гачевски, Томе Пачовски и Игор Алексовски. Сите тие се врвни голмани, најдобри во Македонија и од нив учам многу нови работи секој ден. Секако дека желбата ми е еден ден да станам голман на првиот тим на Вардар. Од овие подготовки ќе научам многу што ќе ми биде од голема корист за понатаму во мојата кариера. Во секој случај за млад голман подготовките се едно огромно искуство“, изјави Тимевски.