Нашиот Вардар, женскиот европски вице првак во ждрепката ќе биде во првиот, најсилен барабан. Ривалите за новата сезона вардарки ќе ги дознаат во петок, на 30 јуни во Љубљана. Освен Вардар во првиот барабан се уште и екипите на Ѓер, Будуќност и ЧСМ Букурешт, овие екипи не може да бидат наши ривали во првиот круг натпревари.
Ќе се формираат четири групи со по четири екипи. Потенцијалните ривали на Вардар доаѓаат од другите барабани.
Од втори барабан се: Ларвик, Ростов, Никобинг Фалстер (Данска), Мец. Од третиот се Битигхајм, Крим, ФТЦ, Митјиланд. Од четвртиот засега познати се само две екипи, Вистал Гдинија и Брест, а другите две места ќе бидат познати по одигрување на квалификациите.
Пропозиците велат првите три екипи од секоја група продолжуваат во следната фаза, односно ќе се формираат две нови групи каде се пренесуваат бодовите од екипите со кои се играло во групната фаза.