Момците од младата ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаа првиот собир. Со тоа го стартуваа подготвителниот дел за настапот на Светското првенство 2017 кое од 18. јули не очекува во Алжир.
По првата прозивка на селекторот Темелковски, младите ракометари заминаа за Маврово. Тие таму во следните десет дена ќе биде одработена првата фаза од подготовките. Во втората фаза следуваат дена тренинзи во Скопје, а последен тест пред СП ќе биде двомечот против селекцијата на Катар на 10. и 11. јули во Доха. Македонија на Светското во Алжир кое ќе се игра од 18. до 30. јули ќе биде во група со селекциите на Шпанија, Русија, Тунис, Бразил и Буркина Фасо. Во повиканите 19 момци за Маврово се најде и младиот голман на Вардар, Марко Кизиќ кој заедно со останатите момци утрово беше на прозивка и замина за Маврово.