Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Муслиу: Во Вардар дојдов да освојувам шампионски пехари
Муслиу: Во Вардар дојдов  да освојувам шампионски пехари

Муслиу: Во Вардар дојдов да освојувам шампионски пехари

Фудбалскиот клуб Вардар се засили ова  лето со младиот Висар Муслиу, тој е  играч од одбраната и  во нашиот тим дојде од тетовска Ренова. Игра на позиција стоперот, тој  беше со младата селекција на Европското првенство во Полска. Подоцна се приклучи на подготовките  заедно со останатите петмина играчи кои беа на ЕП. Тој во изјавата за вардаровиот сајт вели:

Сé оди според планот. Тренираме напорно, се подготвуваме за Лигата на шампионите. Моите импресии се позитивни, од првите неколку денови во кои тренирам со Вардар. Јас и на промоцијата кажав дека дојдов во шампионски тим, и таа шампионска атмосфера се чувствува и на тренинзите. Се работи професионално, секогаш од секого се бара максимум и на подготовките и на пријателските натпревари, со цел добро да се подготвиме за Лигата на шампионите и за настапите во првенството. Одлично сум примен од моите нови соиграчи. Немав проблем околу адаптацијата затоа што со големиот број од нив се знам од настапите во репрезентацијата, а со сите сум бил заедно на теренот, сум играл и против и добро се познаваме. Со нетрпение очекувам да заиграм во Вардар.

kkk

На секој тренинг и на секој натпревар ќе дадам се од себе да ја оправдам оваа доверба која ми е укажана. Се надевам дека ќе придонесам за тимот да освојува титули и да има успеси на меѓународна сцена. Кажав и повторно ќе повторам, дојдов тука да освојувам шампионски пехари.