Вардаровиот млад играч Бобан Николов ќе се врати во Скопје. Николов има повредата на палецот на ногата од младинското Европско првенство во Полска. Тој по ЕП пристигна во Австрија, но сепак ќе мора да се врати назад во Скопје со цел да се одмори и да ја санира повредата пред дуелите со Малме.
Николов се повреди на мечот со Србија, 60 минути издржа на теренот, а потоа со терапија го одигра комплетно и последниот меч на млада селекција против Португалија. Николов со сигурност ќе биде подготвен за дуелите против Малме на 12 идниот месец и една седмица подоцна.