Вчера во Љубљана беше извлечена ждрепката за групите во лигата на шампионите. Актуелниот европски шампион ги доби противниците во најсилната група, каде ќе се обиде да го одбрани трофејот. Вардарци се дел од групата А, заедно со екипите на Барселона и Нант, Рајн Некар, Загреб, Висла Плоцк, ПИК Сегед и Кристијанштад. И минатата сезона имавме можност во групата да се натпреваруваме со екипите на Рајн-некар, Загреб и Кристијанштад, додека дуелите со Барселона ќе бидат реприза од завршниот турнир во Келн, каде поуспешни беа црвено-црните. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес истакна дека не очекува добра сезона.
-Мислам дека ќе биде извонредна сезона бидејќи сите екипи со кои ќе играме се многу добри и на одлично ниво, и доколку сакаме да имаме шанса мораме да играме добро. Сега не знаеме како ќе биде, но сигурно доста тешко, особено надвор од Скопје. Ние сме европски шампиони и знаеме дека ќе имаме притисок, а тоа ќе биде ново за нас, изјави Раул Гонзалез за официјалната страна на клубот.