На овој ден пред точно еден месец, Европа доби нов ракометен владател, во името на Вардар. Црвено-црните на завршниот турнир кој се играше во Келн успеаа да излезат како победници и на крајот да го подигнат големиот трофеј, со што го постигнаа најголемиот успех во историјата на Македонскиот машки ракомет. Најпрво во полуфиналето со голот во последните секунди на Циндриќ ја победивме Барселона, за во големото финале, Чупиќ со звукот на сирената да му пресуди на ПСЖ.
Да се потсетиме на златните голови на Циндриќ и Чупиќ, кои ни донесоа Европска титула.