Мина повеќе од еден месец, откако ракометарите на Вардар ја освоија титулата во ЛШ, но и понатака ги има прославите и приемите по тој повод. Во провинцијата Абаететуба во Бразил, место каде што живее пикерот Рожерио Мораес Фереира, беше организирана прослава за првиот бразилец со европски златен медал. Тој доби пригодни подароци од градоначалникот, а радоста ја сподели со сите свои сограѓани, на настанот имаше и многу медиуми.