Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Велковски нема да игра со Малме, Којашевиќ е под знак прашалник
Велковски нема да игра со Малме, Којашевиќ е под знак прашалник

Велковски нема да игра со Малме, Којашевиќ е под знак прашалник

Младиот фудбалер на црвено-црните, Дарко Велковски поради повреда на ложата нема да биде во комбинација за првиот квалификациски натпревар во Лигата на шампиони против Малме. Се поизвесно е дека повредата добиена на Европското првенство за фудбалери до 21 година овој млад играч ќе го исфрли од строј за првиот меч со Малме.

Тренерот на македонскиот шампион Вардар, Седлоски Гоце  нема да може да смета ниту на услугите на Петар Петковски, кој е повреден исто така на ЕП кое се одигра неодамна. ИСто така   под голем знак прашалник е и црногорецот Дамир Којашевиќ. Тој  се жали на ситна повреда и натаму не е познато дали ќе може да настапи. Првиот натпревар меѓу Вардар и Малме се игра во Шведска на 2 јули со почеток во 19 часот.