Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Што рекол Драган Џаиќ легендата на југословенскиот фудбал за нашиот ФК Вардар
Историја: Што рекол Драган Џаиќ легендата на југословенскиот фудбал за нашиот ФК Вардар

Историја: Што рекол Драган Џаиќ легендата на југословенскиот фудбал за нашиот ФК Вардар

Историја: Што рекол Драган Џаиќ легендата на југословенскиот фудбал за нашиот ФК Вардар?

“Вардар ги има сите услови за да биде еден од најстабилните клубови во Југославија. Со потенцијалот скопскиот лигаш може да се нареди во самиот врв на нашиот фудбал. Тоа е клуб со голема традиција. Жешкиот стадион на Вардар во Скопје претставува неосвоива тврдина за екипите кои гостуваат, било да е тоа Sвезда, Партизан или некој друг великан. На бодови во Скопје тешко кој можел да смета”. – Напишано во книгата “Четири децении ФК Вардар”.

jk

Драган Џаиќ во својата богата фудбалска кариера има настапувано само за два тима. Овој играч се прославил во дресот на Црвена Sвезда. Во периодот од 1963 до 1975 настапил на 280 натпревари и постигна 108 погодоци. Исто така и го носеше дресот на Бастија во францускиот шампионат, каде на 56 натпревари успеал да постигне 31 гол. Чаиќ во периодот од 1964 до 1978 година го носел и дресот на Југославија. На 85 официјални натпревари постигнал 23 погодоци.

Оваа легенда на југословенскиот фудбал во тоа време, упатувал секогаш искрени честитки и убави зборови кон нашиот ФК Вардар.