Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Малме како лидер во Шведска, го дочекува двомечот против Вардар во ЛШ
Малме како лидер во Шведска, го дочекува двомечот против Вардар во ЛШ

Малме како лидер во Шведска, го дочекува двомечот против Вардар во ЛШ

Противникот на Вардар во второто квалификациско коло од лигата на шампионите, екипата на Малме забележа победа во првенството на Шведска и тоа минимално на гостувањето против Хакен, со резултат 0:1. Домашната екипа го заврши натпреварот со двајца играчи помалку, а со единствениот гол на Јеремејеф, тимот на Малмо успеа да ги освои трите бодови и да се зацврсти на првото место на табелата. Малме е лидер на табелата со 33 освоени бодови, шест повеќе од екипата на Норкопинг (27) и дури осум повеќе од тимот на Сириус (25), кој се наоѓа на третата позицијата на табелата. Противникот на црвено-црните, после 14 одиграни кола, има вкупно 10 победи, 3 нерешени резултати и само 1 и единствен пораз, навестувајќи дека се наоѓаат во одлична форма, пред двомечот со нашиот фудбалски шампион. Исто така го имаат и вториот најдобар напад во лигата. Дуелот со Хакен беше последен во националното првенство, пред натпреварот со Вардарци.

Првиот меч се игра во среда, на “Сведбанк арената“, со почеток од 19 часот, додека реваншот во Струмица е шест дена подоцна.