Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е најголем фаворит за одбрана на трофејот, во новата сезона од СЕХА-лигата
Вардар е најголем фаворит за одбрана на трофејот, во новата сезона од СЕХА-лигата

Вардар е најголем фаворит за одбрана на трофејот, во новата сезона од СЕХА-лигата

Седмата сезона на регионалната СЕХА-лига ќе стартува исто така со десет екипи, каде Вардар го брани трофејот освоен минатата сезона, кога во големото финале го победи тимот на Веспрем. Во малку поизменет состав ќе започне новата сезона, што се однесува до екипите кои ќе се борат за трофејот во ова натпреварување. За разлика од минатата, во новата сезона ќе се натпреваруваат екипите на Војводина и Динамо Панчево, на местото на Веспрем и Извиѓач. Шампионот на Унгарија по три сезони поминати во СЕХА-лигата, реши во новата да не биде дел од лигата, во која освои два трофеи и веднаш после Вардар се втора екипа по бројот на освоени трофеи. Да потсетиме, дека Вардарци се најтрофејни во лигата, со три освоени примати, додека Васпрем има две титули, а една е за екипата на Загреб. Нема други промени, во однос на учесниците во лигата, во новата сезона и останатите екипи остануваат истите од претходната. Со ваков изглед на натпреварувачи и по откажувањето на Веспрем, Вардар е број еден фаворит за освојување на СЕХА-лигата, во новата натпреварувачка сезона 2017/18.

Веќе се познати двојките за првото коло во СЕХА-лигата, која својот почеток треба да го има на 29 или 30-ти август. На стартот, нашиот шампион ќе гостува на екипата на Металург. Натпреварите во оваа лига ќе ни послужат за воигрување на тимот и добивање на посакуваната форма, пред почетокот на новата сезона во лигата на шампионите, каде исто така ја браниме Европската титула.