Сосема заслужено и очекувано Лука Циндриќ го доби признанието најдобар европски ракометар за изминатиот месец, јуни во изборот што го организира ЕХФ. Хрватскиот репрезентативец од црвено-црните редови стигна до оваа награда благодарение на одличните настапи во дресот на Вардар, со кој стана првак на Лигата на шампионите.
Лука го постигна клучниот гол за победа во полуфиналето од Ф-4 со шпанска Барселона, а несомнено беше и помеѓу најзаслужните за победата во големото финале против ПСЖ. Црвено-црните очекувано доминираа при гласањето за месец јуни. На второто место се најде голманот Арпад Штербик, а третопласиран е Вуко Борозан.