Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски: Дојдовме тука да направиме добар резултат
Седлоски: Дојдовме тука да направиме добар резултат

Седлоски: Дојдовме тука да направиме добар резултат

Утре со почеток од 19 часот, нашиот фудбалски шампион го очекува првиот натпревар, во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите, против екипата на Малме. Во овие моменти, црвено-црните го одработуваат главниот тренинг на арената каде утре ќе се одигра натреварот. Во пресрет на утрешниот меч, екипите одржаа прес-конференција, на која ги изнесоа очекувањата. Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски верува дека неговите играчи ќе извлечат добар резултат.

-Дојдовме тука да направиме добар резултат. Знаеме дека играме против екипа која е добра која секоја година игра во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Моите момци се подготвени да го дадат максимумот, да излезат утре, и се надевам со една наша игра на овој прв меч кој следува, ќе оствариме добар резултат. Знаеме дека стадионот ќе биде полн. Но, ние во своите редови имаме репрезентативци кои што имаат играно натпревари со многу публика, и очекувам сите да дадат се од себе за да оствариме добар резултат.

Седлоски напомена дека екипата, последните две години била блиску да го помине второто квалификациско коло, но дека не успеале. Се надева дека Вардар ќе ја искористи третата шанса.

-Последните две години бевме блиску да го минеме тоа второ квалификациско коло, но не успеавме. Еве шанса во третата година по ред. Го респектираме противникот, но шансите постојат и тие шанси кои ќе се укажат мора да ги искористиме и да одиме понатаму. Ова е прв натпревар и очекувам овој двомеч да биде решен на реваншот во Струмица.