Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски: Направивме добар резултат
Седлоски: Направивме добар резултат

Седлоски: Направивме добар резултат

Вардар вечерва направи одличен резултат на гостувањето кај Малме играјчи реми, 1-1 (0-0). Тренерoт на тимот Гоце Седлоски задоволен од овој дуел:

-Горд сум на моите играчи. Го остварија целосно она што го договоривме пред натпреварот, го оставија срцето на терен. Како што кажав и на првата прес конференција, дојдовме тука по добар резултат. Имавме шанси во првиот дел да постигнеме уште некој гол, но кога се ќе собере, задоволни сме од овој резултат. Дојде до мал пад во последните 20 минути, мала декоцентрација и примивме гол. Но, морам да нагласам дека ова на нас ни е прв натпревар сезонава, за разлика од нашиот противник кој што веќе е во полн натпреварувачки ритам и игра во шведскиот шампионат. Остануваат уште 90 минути да се одиграат, и шансите за пласман во следната фаза ни се реални.

На реваншот во Струмица, црвено-црните ќе се обидат да постигнат гол и да имаат повеќе од играта, отколку на овој прв меч одигран во Шведска.

-Сега на ред е да анализираме, да остраниме некои грешки. Не смееме да се ориентираме на дефанзива на вториот натпревар, туку на реваншот ќе одиме да дадеме гол. Подготвени сме да одиме до крај и да стигнеме до пласман понатаму.