Стигна големо признание за ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ која е поставена на функцијата, претседател на советот за спорт на Црна Гора. Ова го потврдил, министерот за спорт на земјата, Никола Јановиќ, според кој, Јока оваа функција ќе ја врши во наредните четири години.
-Врз основа на законот за спорт на Црна Гора, заедно ние како министерство ,во соработка со Олимпискиот комитет, одлучивме во наредните четири години Радичевиќ да биде претседател на советот на спорт, рече министерот Јановиќ.
Радичевиќ е една од најдобрите ракометарки на Црна Гора, во последниве неколку години, играч зад кој стојат многу успеси, како со националната селекција, така и со екипата на ЖРК Вардар.