Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брорсон: Вардар има мала предност, но ние одиме да постигнеме голови на реваншот
Брорсон: Вардар има мала предност, но ние одиме да постигнеме голови на реваншот

Брорсон: Вардар има мала предност, но ние одиме да постигнеме голови на реваншот

Без предност за двете екипи, ќе започне реванш натпреварот од второто квалификациско коло во ЛШ, помеѓу екипите на Вардар и Малме. Црвено-црните одиграа со нерешен резултат (1:1) и направија голем исчекор кон пласман во следната рунда од најголемото натпреварување. Вардарци имаа водство со погодокот на Бобан Николов, но на 15 минути пред крајот, Брорсон го израмни резултатот, давајќи му надеж на Малме дека може да стигне до поволен резултат на реваншот во Струмица. Токму стрелецот на голот за противникот, даде свое видување за одиграниот прв натпревар на двете екипи.

-Почнавме добро, игравме висок пресинг и ја притискавме последната линија на Вардар, но не успеавме да постигнеме погодок, иако создадовме неколку шанси. При голот на Вардар едноставно топката помина низ моите нозе, но брзо реагиравме и по само 12 минути го израмнивме резултатот. 1-1 е мала предност за нив, но ние одиме да постигнеме голови во реваншот, истакна Брорсон.