Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Билетите почнаа забрзано да се продаваат, Комити се на јужна трибина-Б1 блок, продажните места се следни
Билетите почнаа забрзано да се продаваат, Комити  се на  јужна трибина-Б1 блок, продажните места се следни

Билетите почнаа забрзано да се продаваат, Комити се на јужна трибина-Б1 блок, продажните места се следни

Од поодамна  стартуваше продажбата на билети за натпреварот Вардар – Малме. Билетите се по цена од 500 денари и се продаваат во неколку градови во Македонија. Покрај во Скопје, билети можат да се набават и во осум други градови како и онлајн преку Тикет Плус. Продажбата се до четвртокот одиеше слабо, бидејќи сите чекаа каков ќе биде исходот од првиот натпревар. По одличните 1-1, продажбата нагло доби тенденција на раст, затоа побрзајте. Комити објавивја дека нивните членови треба да купуваат билети за јужна трибина, Б1 блок каде ќе бидат најверните.

Продажни места каде може да набавите билети во главниот град и низ земјава се:

Скопје: Југотон, Билетарница СЦ Јане Сандански, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево;

Кавадарци: T.A. Атлантик Турс;

Струмица: Скала Травел;

Гевгелија: Т.А. Путник;

Прилеп: Т.А. Бран;

Охрид: Голден Тобако, New Tobacco;

Кочани: Радио Кочани;

Куманово: Т.А. Мерион Травел;

Велес: Унисон.