Thursday ,24 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Над 1500 билети останаа во продажба за дуелот со Малме
Над 1500 билети останаа во продажба за дуелот со Малме

Над 1500 билети останаа во продажба за дуелот со Малме

Вардар донесе одличен резултат од Шведска, овој резултат треба да биде стимул да се распродаде малиот капацитет на стадионот во Струмица.  Вардар во вторник во 18-00 часот  ќе го дочека Малме во реванш мечот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
bileti

Некаде околу 15-00 часот во продажната мрежа на „Тикет плус“ се останати околу 1.500 билети во продажба. И покрај високата цена од  500 денари,  и далечината од 200 километри од Скопје, сепак се очекува да се наполни  стадион до последно место. Стадионот “Младост“ има капацитет од 5.000 гледачи. Вардаровите навивачи, Комитите  ги повикаа сите свои членови да купуваат билети за секторот за кој има и најмногу влезници во продажба – југ Б1.