Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар Јуниор е најмладиот состав во новата сезона во супер лигата
РК Вардар Јуниор е најмладиот состав во новата сезона во супер лигата

РК Вардар Јуниор е најмладиот состав во новата сезона во супер лигата

РК Вардар Јуниор во новата натпреварувачка сезона ќе биде најмладата екипа, која ќе се натпреварува во најсилната супер лига. Составот кој ќе го предводи искусниот Стојан Петрушевски ќе го сочинуваат ракометари од 16-21 година, кои ќе се обидат да парираат на поискусните и поголеми екипи во лигата. Во новата сезона, ќе гледаме поинаков Вардар Јуниор, кој е доста подмладен од минатата сезона, кога успеаа да обезбедат опстанок и во новата сезона да бидат дел од најсилната елита.

Дел од екипата не се веќе Александар Димовски, Петар Филиповски, Филип Ивановски, Кристијан Ристов, Никола Стојковски, Мартин Манасков, Иван Ангелов, Божидар Симиќ, Димитар Георгиевски и Симон Попов.

Дури десет ракометари кои минатата сезона беа дел од РК Вардар 2 во првата ракометна лига, во новата сезона ќе настапуваат за Вардар Јуниор во супер лигата. Тоа се Стефан Крстевски, Марко Мишевски, Стефан Чакалиќ, Андреј Петковски, Томче Стојановски, Дамјан Трајковски, Кристијан Ѓоршевски, Никола Димитров, Кристијан Лазов и Стефан Атанасовски. Тука е и младиот надежен голман, Марко Кизиќ кој беше дел од кадетскиот и младинскиот состав на РК Вардар. Марко заедно со неговиот брат Никола и младиот Андреј Петковски ќе го сочинуваат голманскиот тандем на Вардар Јуниор. Нови засилувања се уште и Бојан Владимиров од екипата на Тинекс Пролет, како и Никола Цветановски, кој дојде од младинската школа на РК Струга.

Во првиот тим на РК Вардар ќе бидат прекомандувани: голманот-Даниел Ѓорѓевски, левиот бек-Тоше Ончев и десното крило-Мартин Попоски.

Ова е составот на РК Вардар Јуниор во натпреварувачката сезона 2017/18:

Голмани: Никола Кизиќ, Андреј Петковски и Марко Кизиќ

Десни крила: Никола Димитров, Мартин Димов и Бојан Владимиров

Леви крила: Стефан Чакалиќ, Иван Димитровски

Средни бекови: Стефан Крстевски, Дамјан Трајковски, Томче Стојановски

Десни бекови: Стефан Трпчевски, Кристијан Ѓоршевски

Леви бекови: Никола Цветановски, Марко Мишевски, Дејан Кукуловски, Антонио Николовски

Пикери: Кристијан Анастасовски, Стефан Атанасовски, Кристијан Лазов, Кристијан Ангелковски

Тренер: Стојан Петрушевски.