Денес фудбалскиот клуб Вардар заминува за Струмица, каде во вторник ќе го одигра реванш натпреварот од второто квалификациско коло во ЛШ, против екипата на Малме. Во следниве два дена, црвено-црните ќе се подготвуваат на стадионот “Младост„ во Струмица, каде ќе се обидат на крајот да излезат како победник во двомечот со шампионот на Шведска. По првиот натпревар, резултатот е активен за двете екипи (1:1), со подеднакви шанси за двата тима, за пласман во следната рунда од најголемото натпреварување. Гоце Седлоски на мечот во вторник, нема да смета на услугите на Петковски, Велковски и Џигаури, додека сите останати се ставаат на располагање во пресрет на овој важен натпревар.
Клубот во понеделник, со почеток од 17:30 часот ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги изнесе очекувањата за реваншот против Малме. Карти можете да набавите на повеќе продажни места низ цела Македонија, а цената на истите е 500 денари.