Вардар донесе одличен резултат од Шведска, овој резултат треба да биде стимул да се распродаде малиот капацитет на стадионот во Струмица. Вардар во вторник во 18-00 часот ќе го дочека Малме во реванш мечот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Некаде околу 15-00 часот во продажната мрежа на „Тикет плус“ се останати околу 1.500 билети во продажба. И покрај високата цена од 500 денари, и далечината од 200 километри од Скопје, сепак се очекува да се наполни стадион до последно место. Стадионот “Младост“ има капацитет од 5.000 гледачи. Вардаровите навивачи, Комитите ги повикаа сите свои членови да купуваат билети за секторот за кој има и најмногу влезници во продажба – југ Б1.