Ракометарите на Вардар го одиграа заостанатиот меч со екипата на Радовиш, во рамките на 5 коло од Супер-лигата. Без поголеми проблеми успеавме да забележиме висока победа и да го задржиме првото место на табелата. Домаќините сепак покажаа отпор до првиот дел, кога на моменти и го израмнуваа резултатот и беа блиску до предноста на Вардарци. Сепак на полувреме се замина со солидна предност на нашиот тим од 11:15.
Во второто полувреме на теренот играше само една екипа. Црвено-црните успеаа да направат неколку серии од погодоци, кои им овозможија да стигнат и до двоцифрена разлика. Како се ближеше крајот, водството растеше. На крајот забележавме висок триумф со резултат 20:36. Вардар по пет одиграни кола, има максимален учинок на победи. На овој дуел, треба да се одбележи дебито во првиот тим, на младиот Филип Арсеновски. Арсеновски настапува за младинската екипа на Вардар и е младински репрезентативец на Македонија. На денешниот натпревар успеаа два пати да се запише во листата на стрелци. Најефикасен беше Марковиќ кој постигна 8 голови.
Вардар: Милиќ, Ангелов, Стоилов, Брумен 3, Прибак 3, Арсеновски 2, Тоскиќ 1, Марковиќ 8, Душебаев 3, Абутовиќ 2, Лазаров 3, Растворцев 2, Дибиров 3, Горбок 1, Шишкарев 4, Чипурин 1.