Билетите за ракометниот куп се пуштени во продажба и истите ќе чинат 50 ден. Билетите можат да се набават на билетарниците во С.Р.Ц. Кале и во Јане Сандански. Вардар во четврток го игра полуфиналето од националниот куп, против екипата на Зомимак. Мечот ќе се одигра на Кале со почеток од 19:30 часот. Во првото полуфинале силите ќе ги одмерат екипите на Металург и Тинеск Пролет.
Големото финале, на програмата е во сабота во С.Ц. Јане Санданкси со почеток од 18:30, веднаш по женското финале. Цената е за финалниот натпревар ќе биде иста, со тоа што ќе можат со еден билет да се следи и финалето во женска конкуренција во Купот на Македонија.