Расте интересот за натпреварот Вардар – Копенхаген. По одлуката овој натпревар да биде одигран во Скопје, интересот нагло порасна. Самиот податок што говори за ова е дека на настанот на “Вардар фанс” за неповеќе од еден ден има над 1.600 потврдени гости и над 1.300 заинтересирани за истиот. Исто така и голем број на навивачи се распрашуваат каде и кога ќе почнат билетите да се продаваат. Едно е јасно, Вардар ќе има поддршка од над 15 илјади навивачи на натпреварот во вторник.