Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Еден од противниците на РК Вардар во групата, Рајн-Некар ги стартуваше подготовките за новата сезона
Еден од противниците на РК Вардар во групата, Рајн-Некар ги стартуваше подготовките за новата сезона

Еден од противниците на РК Вардар во групата, Рајн-Некар ги стартуваше подготовките за новата сезона

Еден од противниците на РК Вардар во најсилната група А од лигата на шампионите, екипата на Рајн-Некар од вчера ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Избраниците на Николај Јакобсен со трчање околу својот тренинг центар означија старт на подготовките. Тимот на Рајн-Некар е шампион на Германија, односно во најсилната бундес лига последниве две години, симнувајќи ги од тронот тимот на Кил, кој владееше неколку години во оваа земја.

vardarfans-naslovna 20106411_10154889048610679_4207562319453738482_n

Минатата сезона, лавовите од Манхајм стигнаа до најдобрите 16 екипи во лигата на шампионите, каде беа елиминирани од нивниот ривал, екипата на Кил, иако по првиот меч одигран на гостински терен имаа нерешен резултат, сепак пред својата публика го загубија мечот и ги завршија настапите во најголемото ракометно натпреварување. Втора последователна сезона, Рајн-Некар е во група со Вардарци и повторно ќе гледаме интересни мечеви помеѓу двата тима. Инаку тие се прв противник на Вардар во новата сезона, што се однесува до подготвителниот период. Двете екипи ќе одиграат меѓусебен натпревар, на турнирот кој го организира Гумерсбах.

Што се однесува до промени во составот, германскиот бундеслигаш го засилија бекот Кристијан Близнак, кој дојде од екипата на Елверум, потоа крилото Џери Толбринг кој пристигна од Кристијанштад, како и српскиот репрезентативец и лев бек Момир Рниќ кој дојде од бундеслигата, од екипата на Мелсунген. Момир Рниќ е замена за шведскиот репрезентативец, Егдал ду Рие кој реши предвреме да ја заврши својата играчка кариера. Ново засилување е и крилото Богдан Радивојевиќ, кој по четири сезони го напушти Фленсбург и се пресели во Ловен.

vardarfans-sostav

Единствено на првиот собир не се појави Македонскиот репрезентативец, Филип Талевски, кој моментално се наоѓа со младинската репрезентација, на светското првенство до 21 година во Алжир. Знаеме дека од екипата си замина и Дејан Манасков кој потпиша за екипата на Веспрем од Унгарија. Нови играчи на екипата во новата сезона се уште и Конрад Хофман, Свен Раб и Клаус Гарденер, додека дел од тимот не се и Марвин Гердон, Михел Абт и Полјакот Ролка. “Костурот“ на екипата воглавно е задржан од минатата сезона, а голманскиот тандем, повторно ќе го сочинуваат, Швеѓаните, Апелгрен и Палицка. Тука се уште и искусните Шмид, Сигурдсон, Гретцки, Ларсен, Петерсон,  како и шпанските интернационалци Гвардиола и пикерот Баена.