Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Солбакен тренерот на Копенхаген: Вардар е одличен тим, Фелипе им е лидер
Солбакен тренерот на Копенхаген: Вардар е одличен тим, Фелипе им е лидер

Солбакен тренерот на Копенхаген: Вардар е одличен тим, Фелипе им е лидер

По “аминот“ од УЕФА и промените данскиот првак ФЦ Копенхаген веќе во вторник гостува во Скопје. Hатпреварот со Вардар се игра   од 20-00 часот, тоа е дуел   во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Гостите знаат дека треба да внимаваат бидејќи ние одигравме добро и ги победивме  нивните соседи од Малме.  Стале Солбакен тренерот на Копенхаген за овој двомеч вели:

Тимот на Вардар е многу сериозен противник. Тие имаат неколку добри играчи, а бразилецот Хуан Фелипе е водач на екипата, тој   е екстра фудбалер, но не е само тој. Го гледав дуелот со Малме и можам да кажам дека заслужено Вардар е наш ривал. Во првиот дел Малме беше подобар, сепак во второто полувреме Вардар имаше 6:0 во шанси и постигна  три гола. Немој да мислите дека се наивни. Го мина Малме, а претходно имаа тесни дуели со АПОЕЛ и Динамо Загреб. За да го минеме Вардар треба да одиграме на максимално ниво. Добро е што првиот натпревар е во Скопје а реваншот пред нашите навивачи.