Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се заблагодари на УЕФА и побара коректно навивање од публиката
Вардар се заблагодари на УЕФА и побара коректно навивање од публиката

Вардар се заблагодари на УЕФА и побара коректно навивање од публиката

 Фудбалскиот клуб Вардар упати благодарност до европската куќа на фудбалот, УЕФА што излезе во пресрет и  дозволи натпреварот против Копенхаген во Лигата на Шампионите да го играме како домаќини во Скопје. Од клубот се благодарни дека  и покрај забраната да се играат мечеви на “Телеком“ арената се до натпреварот од Супер-Купот на 8. август се направи остапка. Во соопштението покрај ова се вели и следното:

Сега останува на нас, на клубот да покажеме дека можеме да организираме еден натпревар на нивото на Лигата на шампионите. Добрата организација е поврзана и со односот на публиката и навивањето од трибините на обичната публика, и на нашите навивачи „Комити“. За да покажеме дека можеме да организираме и натпревари од ваков тип, ќе треба фер и корентно навивање од трибините на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје од сите страни. Единствено на тој начин можеме да и вратиме на УЕФА за овој потег, и за укажаната доверба да ни овозможи да го играме натпреварот како вистински домаќини.

Среќни сме што имаме можност овој натпревар да го играме на наш терен во Скопје и да имаме поголема поддршка од трибините, со која ќе можеме да ветиме максимална игра на овој натпревар од кој сакаме да излеземе како победници.

На крајот ФК Вардар истакнува благодарност до Струмица и до цела Македонија за поддршката на минатиот меч против Малме кој се одигра на стадионот „Младост“. Тој меч ќе ни остане во вечно сеќавање и историската победа која ни донесе пласман во следната рунда од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.