Во следново интервју ве запознаваме со Дарко Младеновиќ, кој изминатата полусезона ја помина во генерацијата на ФК Вардар, родени “2003“ година. Тој дојде од фудбалската школа Фамос и во пролетниот дел постигна четири голови во црвено-црниот дрес. Брзо се наметна во составот, кој го предводеше тренерот Томче Трајановски и важи за квалитетен напаѓач, кој постигна четири голови во пролетниот дел за оваа Вардарова генерација.
1. Како се одлучивте да тренирате фудбал и од каде желбата за овој спорт ?
-На еден викенд во струмица, се запознав со братучед(мој врсник) кој постојано играше фудбал. Се разбира, ме покани да играме фудбал. Јас бев не соодветно облечен, но прифатив, Во првите 30 минути ги скинав патиките, Истиот ден купивме патики за фудбал.
2. На колку години започнавте да тренирате фудбал ?
-Мајка ми и татко ми беа убедени дека сум роден за инвидуален спорт. Од 6 годишна возраст почнав со различни спортови. Но на 9 години знаев точно што сакам, тоа беше фудбалот.
3.Претходно игравте во фудбалската школа Фамос. Како се случи да дојдете во генерацијата “2003„ на ФК Вардар ?
-Клубот во кој тренирав, односно само генерацијата 2003г, се распадна. Јас му имав кажано на тренерот уште пред почетокот на сезоната дека сакам да заминам во друг клуб и дека мечтаам да одам во Вардар. Тренерот ме замоли да не одам барем до првата половина за да проба да ја извлече “2003“, но веќе генерацијата беше дефокусирана. Потоа самиот тој, Оливер Младеновски, даде се од себе да влезам во Вардар. Тој е заслужен за тоа што сум денес во Вардар.
4. Со генерацијата “2003“ на Вардар освоивте двојна титула. Може една ваша анализа на изминатата сезона која ја завршиве без пораз. Дали верувавте дека можете да ги освоите двата трофеи ?
-Незнам дали сум компетентен за анализа. Сепак сум кратко во Вардар за да можам да кажам нешто повеќе. Спортистот треба да верува во себе и во својот тим, да даде максимум во секоја игра. Да верував во победи. Ама ако ме прашате дали верував дека можеме да стигнеме до два трофеи? Одговорот е НЕ, посакував но не бев убеден во тоа.
5. Кој е вашиот синоним кога ќе слушнете за името Вардар ?
-Вардар за мене значи „БРЕНД“ кој ми дава сигурност и верувам дека ке стигнам до првиот тим. Секој од нас го посакува тоа.
6. Дали промени нешто во вашата игра и напредок, тренерот Томче Трајановски со вашето доаѓање во Вардар ?
-Јас не сум менувал фудбалски клубови. Вардар е мојот втор клуб. За тренерот Томче можам да кажам дека освен добрите, долгите и разнолики тренинзи, на кои научив многу нови работи, тој е исто така прекрасен педагог.
7. Какви услови ви нуди академијата на ФК Вардар ?
-Од оние терени кои сум ги видел до сега теренот на Вардар е најдобро среден. Условите за тренинг на академијата на Варадр се одлични. Секој би посакал вакви услови за тренинг.
8. Кои се според вас главните фактори за еден играч да стане успешен фудбалер ?
-Па има повеќе фактори: талент, предиспозиции, добар тренер, услови за работа и пред се многу труд и посветеност.
9. Дали беше тешко да се вклопите во Вардар и како бевте прифатен од новите соиграчи ?
-Прво да кажам дека одлично бев прифатен од тимот, имајќи во предвид дека со некои деца веќе се знаев од порано. Како одминуваа натпреварите се повеќе се вклопував во играта и давав максимум да го покажам најдоброто од себе.
10. Дали Дарко има некоја зацртана цел за во иднина ?
-Да имам свој сон кој се надевам дека ке се оствари. Се гледам како изграден играч во првиот тим на Вардар, а и тимот го гледам меѓу првите во Европа.
Звонко Ивановски