Вардар од денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварот Вардар – Копенхаген кој ќе биде одигран во вторник во Скопје од 20 часот. Билетите се по цена од 300 денари. Поради реконструкции северната и источната трибина нема да бидат пуштени. Билети можат да се купат и онлајн преку продажната мрежа на „Тикет плус“. Околу 10 илјади билети се во слободна продажба.