Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во 1/4-фин. од “Супер Глоуб“ Вардар ќе се сретне со Нафт-О-Гашаран од Иран
Во 1/4-фин. од “Супер Глоуб“   Вардар ќе се сретне со  Нафт-О-Гашаран од Иран

Во 1/4-фин. од “Супер Глоуб“ Вардар ќе се сретне со Нафт-О-Гашаран од Иран

Во четврт-финалето на неофицијалното светско ракометно машко првенство “Супер Глоуб“ во Катар екипата на Вардар за противник ќе ја има екипата од Иран, Нафт-О-Гашаран. Овој натпревар е закажан за 25 август од 14-00 часот во салата Духаил во Катар.

Домаќинот на турнирот, Ал Сад и Катарската ракометна федерација заедно со Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги одредија четврт-финалните двојки на Супер Глоуб. Екипите кои ќе триумфираат  продолжуваат во полуфиналето, а другите ќе разигруваат од 5 до 8 место. Нашиот клуб Вардар како европски првак се здоби со право да игра на Супер Глоуб, што е најголем клупски успех. Покрај Вардар, од Европа има уште две екипи, германски Фуксе Берлин како лански победник, и шпанска Барселона која доби специјална покана.Одлуката за 1/4-финалните двојки е направена врз база на рејтингот. Европските екипи се носители, и затоа ве днаш играат против тимови од другите континенти, базирани на резултатите од ланското издание.

Двојки за четврт-финале на Супер Глоуб
25 август 2017
12 часот: Барселона – Есперанца (број 4)
14 часот: Вардар – Нафт-О-Гашаран (број 3)
16 часот: Фуксе Берлин – Пињеирос (број 2)
18 часот: Ал Сад – Сиднеј (број 1)

26 август
12 часот: Поразен број 3 – Поразен број 4
14 часот: Поразен број 1 – Поразен број 2
16 часот: Победник број 3 – Победник број 4 (полуфинале 2)
18 часот: Победник број 1 – Побеник број 2 (полуфинале 1)

27 август – слободен ден

28 август
12 часот: Меч за 7 место
14 часот: меч за 5 место
16 часот: Меч за 3 место
18 часот: Финале