Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Грчката тајна полиција ги малтрераше нашите членови по вчерашниот собир во Овчарани,Леринско- Ќе страдаме ама не се предаваме !

Комити: Грчката тајна полиција ги малтрераше нашите членови по вчерашниот собир во Овчарани,Леринско- Ќе страдаме ама не се предаваме !

20245843_1380734158647532_7075951974451968232_n

Комити Запад навивачите на Вардар и познати како големи патриоти на својата официјална страница излегоа со следната информација:

Мили и немили настани на вчерашниот собир во Овчарани, Леринско.

Како и во пиринскиот дел на Македонија, така бевме и во егејскиот дел помеѓу нашите роднини, пријатели, браќа и сестри на овогодинешниот собир на македонците од тој крај. 
Со преубави песни и ора започна настанот но за жал му се фрли црна дамка. Наши членови беа присутни но по постојано следење од тајната полиција на Грција, беа уапсени. Однесени во полициска станица во Лерин по неколкучасовно омаловажување и малтретирање полицијата го пронашла знамето КОМИТИ.
Целиот настан подоцна следи со плукање и фрлање на пасошите бидејки сакаа да дознаат кој не пратил.
Нас никој не нè прати, нас не повика страданието на нашите кај егејот. Сабајлето се пуштени од станица и испратени со придружба до граница а знамето задржано како доказ за ширење македонштина.
Дечките се здрави и живи.
Ќе страдаме ама не се предаваме !