Голема е заинтересираноста за натпреварот Вардар – Копенхаген. За неполни 4 часа продадени се над 2.200 билети. Во слободна продажба се пуштени некаде близу 12 илјади билети. Билетите се по цена од 300 денари и ги има само за јужната и западната трибина (2 блока). Продажни места во Скопје има многу, покрај во Скопје и во осум други градови можат да се набават билети.
Кавадарци: T.A. Атлантик Турс;
Струмица: Скала Травел;
Гевгелија: Т.А. Путник;
Прилеп: Т.А. Бран;
Охрид: Голден Тобако, New Tobacco;
Кочани: Радио Кочани;
Куманово: Т.А. Мерион Травел;
Велес: Унисон.