Откако денес во дел од македонските, но и странските медиуми се појави информација дека нашиот фудбалер Дамир Којашевиќ ќе ја напушти екипата и ќе се пресели во друг клуб. Следеше јавен демант од Фудбалскиот клуб Вардар и самиот играч. Црногорскиот репрезентативец за ова вели:
Не знам од каде им е на медиумите информацијата дека ќе си одам од Вардар. Јас засега не размислувам на заминување од Вардар, и имам важечки договор со клубот. Сега не сум фокусиран на ништо друго, туку само на настапите на тимот во Лигата на шампионите и натпреварот кој следува против Копенхаген. Целосно ги отфрлувам овие шпекулации дека ќе го напуштам Вардар.