Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најопасен играч на Копенхаген е Сантандер, Матиќ ќе има можност да игра на Градски
Најопасен играч на Копенхаген е Сантандер, Матиќ ќе има можност да игра на Градски

Најопасен играч на Копенхаген е Сантандер, Матиќ ќе има можност да игра на Градски

Противник на Вардар во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите е данскиот претставник, тимот на Копенхаген. Копенхаген е шампион на Данска, од минатиот викенд започна нивниот шампионат, на првиот натпревар одигра 1:1 со тимот на Алборг. Во тимот на Копенхаген има вкупно дванаесет интернационалци. Во следниов текст ќе ве запознаеме со играчите на тимот од скандинавија.

Голмани на екипата се: Андерсен, Кристијансен и Олсен. Андерсен има 35 години, во својата кариера има настапувано за тимови како Бетис, Бромби, Чарлтон и тн. Кристијансен исто така е ветеран, има 37 години, во својата кариера има настапувано за нетака звучни имиња. Прв голман на тимот е Олсен од Шведска. Олсен има 27 години, досега 33 пати го бранел голот на овој тим, покрај за Копенхаген настапувал за грчки ПАОК и Малме, има и 10 настапи за шведската репрезентација.

Одбраната на тимот е составена од тројца играчи од Шведска. Станува збор за Јохансон, Антонсон и Бенгстон. Јохансон е заменик капитен на тимот, има 28 години, во својата кариера има одиграно 9 натпревари за Гент, 55 за Малме и тн. Антонсон е ветеран и има 36 години, во својата богата кариера има настапувано за калчолигашот Болоња каде одиграл 89 натпревари во периодот од 2011 до 2014 година, покрај за овој тим има настапувано и за Панатинаикос, Австрија Виена, има и 28 настапи за селекцијата на Шведска. Покрај овие тројца во одбраната настапуваат уште и Хогли од Норвешка кој има 49 настапи за својата репрезентација, потоа играчот од Чешка Луфтнер, кој оваа сезона дојде во тимот од чешкиот тим на Славија Прага. Последната двојка во одбраната ја сочинуваат данците Боилесен и Анкерсен. Боилесен е лев бек, има 25 години, од 2011 до 2016 го носел дресот на Ајакс каде настапил на 52 натпревари. За данската репрезентација има одиграно 15 натпревари досега. Анкерсен пак, има 26 години и игра на позицијата десен бек, во својата кариера има настапувано за тимови како Салцбург, Росенборг и тн. Овие двајца играчи со сигурност ќе настапат на левата и десната бековска позиција на дуелите против Вардар.

kopenhagenВо средината на теренот настапуваат данците Квист (капитен на екипата), во својата кариера има играно за тимови како Виган, Фулам, Штутгард. Има 66 настапи за данската репрезентација, игра на позицијата среден играч. Јусеф има 24 години и настапува на позицијата офанзивно крило. Фалк има 25 години и важи за еден од џокерите исто како и Јусеф. Каспер Куск е стандарден играч на тимот, минатата сезона настатил на 30 натпревари и постигнал 6 голови. Во средината на теренот има и уште двајца данци, тоа се младите Томсен и Кваси, воглавно овие двајца играчи шанса чекаат од клупата. Покрај овие играчи, другите тројца се интернационалци. Урош Матиќ и е добро познат на нашата јавност. Овој играч требаше да го облече дресот на македонската репрезентација, но до тоа не дојде. Урош е брат на прославениот играч на Челзи, Немања Матиќ. Матиќ ја контролира средината на теренот, во данскиот тим пристигна оваа година, има одиграно 17 натпревари со постигнати два гола. Матиќ во Копенхаген дојде од австрискиот тим на Штурм. Јан Грегуш пак доаѓа од Словачка. Во тимот на Копенхаген е од 2016 година, има одиграно 28 натпревари и постигнато 2 гола. Се очекува овој играч да настапи против Вардар во вторник. Последен играч од средината на теренот е словенецот Вербиќ. Вербиќ има 23 години и настапува на позицијата лево крило. Веќе трета сезона е во овој тим, предходно настапувал за Целје каде одиграл 103 натпревари. Вербиќ има и 11 настапи за селекцијата на Словенија.

Нападот на Копенхаген го сочинуваат тројца искучително незгодни фудбалери. Започнуваме со играчот од Кипар Сотириу. Овој играч и е добро познат на нашата јавност бидејќи настапуваше за тимот на АПОЕЛ на дуелите против Вардар. Сотириу има 24 години, во АПОЕЛ настапуваше од 2013 се до 2017 година. Оваа сезона дојде во данскиот тим, може да се пофали со 21 настап за кипарската репрезентација. Вториот напаѓач, кој им даде три голови на Жилина во Словачка е србинот Павловиќ. Овој играч од 2016 е дел од данскиот тим, претходно во кариерата има настапи за тимовите на Рад, Чукарички. Исто така има и пет настапи за Србија. Најопасен играч во овој тим e парагваецот Федерико Сантандер. Овој играч има 26 години, во својата кариера има настапувано за францускиот прволигаш, тимот на Тулус каде одиграл 23 натпревари и постигнал 5 голови во сезоната 2010-11. Во Копенхаген е од 2015 година, досега одиграл 59 натпревари и постигнал 27 погодоци. За репрезентацијата на Парагвај пак, има одиграно 12 натпревари со еден постигнат погодок. Од него треба да доаѓа најголемата опасност по голот на Гачевски.san

Tренер на овој тим е 49-годишниот Стале Солбакен. Солбакен во својата кариера бил тренер на англискиот тим Вулверхемптон, како и на германскиот прволигаш Келн.