Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Продадени нешто повеќе од 2.200 билети
Продадени нешто повеќе од 2.200 билети

Продадени нешто повеќе од 2.200 билети

Голема е заинтересираноста за натпреварот Вардар – Копенхаген. За неполни 4 часа продадени се над 2.200 билети. Во слободна продажба се пуштени некаде близу 12 илјади билети. Билетите се по цена од 300 денари и ги има само за јужната и западната трибина (2 блока). Продажни места во Скопје има многу, покрај во Скопје и во осум други градови можат да се набават билети.

Кавадарци: T.A. Атлантик Турс;

Струмица: Скала Травел;

Гевгелија: Т.А. Путник;

Прилеп: Т.А. Бран;

Охрид: Голден Тобако, New Tobacco;

Кочани: Радио Кочани;

Куманово: Т.А. Мерион Травел;

Велес: Унисон.