Стартуваа тренинзите за младинците на фудбалскиот клуб Вардар, кои неколку дена тренираат на академијата, како подготовка за новата натпреварувачка сезона. Петар Ѓорѓиевски е новиот тренер за младинскиот состав, кој последните две години работеше со генерација родени “2002“ година. Сигурно нов член на Вардаровите младинци во новата сезона е Ване Милковски, кој дојде од екипата на Академија Пандев, каде ја носеше капитенската лента. Има и уште неколку играчи на проба, но сеуште никој од нив не потврден како нов играч на црвено-црните. Од екипата единствено си заминаа голманот Давид Денковски кој замина во Академија Пандев и стоперот Кристијан Јордановски.
Нашата редакција беше присутна на вчерашниот тренинг, од кој ви пренесуваме фотографии.