Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шампионскиот тандем останува заедно, Давид Дејвис и во новата сезона ќе биде помошник на Гонзалес
Шампионскиот тандем останува заедно, Давид Дејвис и во новата сезона ќе биде помошник на Гонзалес

Шампионскиот тандем останува заедно, Давид Дејвис и во новата сезона ќе биде помошник на Гонзалес

Давид Дејвис и во новата натпреварувачка сезона ќе остане помошник тренер на Раул Гонзалес, во редовите на актуелниот Европски шампион. Оваа информација за “Македонски спорт„ ја потврдил Гонзалес, кој изјавил дека Дејвис останува негов помошник и во новата сезона. Претходно постоеа гласини дека Дејвис може да биде префрлен да работи во академијата на клубот, но сепак како се вели “тимот кој победува не се менува„ така е и во овој случај со црвено-црните.

Во својата богата професионална кариера Дејвис Камара, кој што играше на позицијата лево крило настапувал за екипите на Гранољерс, Овиедо, Теукро, Алтеа, Ваљадолид, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Порто. Како репрезентативец на Шпанија, има освоено бронзен медал на Летните олимписки игри во Пекинг 2008-та година, како и светското првенство во Австрија во 2005-та.  Со Гонзалес заедно беа во Суидар Реал, каде Раул беше помошник тренер на Талант Душебаев, додека Дејвис беше играч.

Дејвис имаше можност во одреден период да работи и за првата екипа на ЖРК Вардар, со која има освоено еден бронзен медал во лигата на шампионите. Ова ќе биде петта сезона заедно со Гонзалес на клупата на РК Вардар.