Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > (ФОТОГАЛЕРИЈА) Под полна пареа се одвиваат тренинзите на младинскиот состав на ФК Вардар
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Под полна пареа се одвиваат тренинзите на младинскиот состав на ФК Вардар

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Под полна пареа се одвиваат тренинзите на младинскиот состав на ФК Вардар

Стартуваа тренинзите за младинците на фудбалскиот клуб Вардар, кои неколку дена тренираат на академијата, како подготовка за новата натпреварувачка сезона. Петар Ѓорѓиевски е новиот тренер за младинскиот состав, кој последните две години работеше со генерација родени “2002“ година. Сигурно нов член на Вардаровите младинци во новата сезона е Ване Милковски, кој дојде од екипата на Академија Пандев, каде ја носеше капитенската лента. Има и уште неколку играчи на проба, но сеуште никој од нив не  потврден како нов играч на црвено-црните. Од екипата единствено си заминаа голманот Давид Денковски кој замина во Академија Пандев и стоперот Кристијан Јордановски.

Нашата редакција беше присутна на вчерашниот тренинг, од кој ви пренесуваме фотографии.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27